Од 21 до 23 јуни ќе се одржи третото издание на еден од најуспешните и најпопуларните настани во Крушево, When In Krushevo, при што ќе може да се искуси секоја природна убавина што овој град ја нуди.
Учесниците ќе може да земат учество во бројните активности кои се вкоренија во локалната култура на овој град, тргнувајќи од планинарење, планински велосипедизам, па се до параглајдинг.
Настанот ќе се одржи на Крушевското Езеро, кое ќе биде камп за одржување на многубројните планирани активности.
Програмата за настанот е подготвена и еве што не очекува оваа година на фестивалот:
21 Јуни 2019, петок
16:00-20:00 пристигнување и пријавување на учесниците во Параглајдинг инфо центар –Крушево, поставување на шатори на Крушевското Езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите.
21:00 официјално отворање
22:30 Invictus00:30 NATTY FIYAH SS
– DJ Бапчу
22 Јуни 2019, сабота
08:00-09:00 почеток на турите за планински велосипедизам и планинарење,
– долга тура за планински велосипедизам 40км,
– кратка тура за планински велосипедизам 20км,
– долга планинарска тура 20км,
– кратка планинарска тура 10км,
Патеките за велосипедските тури ќе бидат облежани, за секоја тура се обезбедени водичи и освежителни пунктови на повеќе места.
15:00 заеднички ручек обезбеден за сите учесници во Adventure park and restaurant Бегова Корија
13-19:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
13-19:00 пинг понг, јога, јавање, kids korner и други активности
22:30 Тhe Hounds
00:30 TODOROFF
23 Јуни 2019, недела
10:00-16:00 тандем параглајдинг на Мечкин Камен, екстра поволни цени за сите учеснции, летови изведени од најдобрите пилоти на Heli XC
10:00-16:00 обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на фестивалот
13-17:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
17:00 затворање на фестивалот