Борбен авион од типот „Миг 29“ го надлета Нови Пазар во правец на Копнената безбедносна зона, додека околу 14 часот колони од воени возила, со опрема и војска, излегоа од касарната во Краљево и се упатија кон Рашка, пренесуваат српските медиуми.
Непосредно пред да тргне колоната, во касарната пристигнал српскиот министер за одбрана, Александар Вулин.
Српскиот претседател Александар Вучиќ како врховен командант нареди целосна борбена и боева готовност на српската војска утрово, откако специјалните единици на косовската полиција упаднаа на северот на Косово и апсеа Срби. Вучиќ предупреди дека ако дојде до загрозување на безбедноста на српските државјани, „војската ќе го заштити населението“.