Доминација на браќата Јованоски на Пролетниот параглајдинг куп 2019 во Крушево

Во Крушево денеска заврши Пролетниот параглајдинг куп 2019 каде комплетна доминација имаа браќата Мартин и Бројан Јованоски од Прилеп. Имено Мартин Јованоски го освои првото место во  Overol, а Борјан Јованоски првотот место во Serial класа.

 

Ова е само надополнување на огромниот успех на Борјан Јованоски кој од јуни 2019 е на 3-тото место на Светската ранг листа.

 

Наградите се доделуваа во три категории: мажи, жени и севкупни победници.

 

Општина Крушево за најдобрите додели награди во две од трите категории и тоа: напреден инструмент за летање, Вариометар со ГПС уред и резервен падобран.

 

Пролетен меѓународен параглајдинг куп Крушево 2019 година е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од Европска Унија, имплементиран од Кабинетот на заменик министерот за економски прашања и општина Крушево, а Светска Банка се јавува како администратор на проектот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien