Во Крушево денеска заврши Пролетниот параглајдинг куп 2019 каде комплетна доминација имаа браќата Мартин и Бројан Јованоски од Прилеп. Имено Мартин Јованоски го освои првото место во Overol, а Борјан Јованоски првотот место во Serial класа.
Ова е само надополнување на огромниот успех на Борјан Јованоски кој од јуни 2019 е на 3-тото место на Светската ранг листа.
Наградите се доделуваа во три категории: мажи, жени и севкупни победници.
Општина Крушево за најдобрите додели награди во две од трите категории и тоа: напреден инструмент за летање, Вариометар со ГПС уред и резервен падобран.
Пролетен меѓународен параглајдинг куп Крушево 2019 година е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од Европска Унија, имплементиран од Кабинетот на заменик министерот за економски прашања и општина Крушево, а Светска Банка се јавува како администратор на проектот.