Заев: Ако нема датум за преговори може да падне владата

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев од Брисел порача дека можното одлагање на одлуката за датум за преговори од страна на ЕУ ќе ја стави во опасност владата и може да ги врати националистичките сили на власт.

 

Премиерот оваа изјава ја даде пред избрана група новинари од странските медиуми осврнувајќи се на гласањето во германскиот Парламент, од кое во голем дел зависи одредувањето на датумот за преговори од страна на ЕУ.

 

За секоја одлука која се однесува на проширувањето на ЕУ, неопходно е претходно Бундестагот да даде зелено светло. Следниот рок за одобрување на одлуката од страна на Берлин е 28 јуни, по што министрите на ЕУ би можеле да го одредат конечниот датум во втората половина на јули, кога повторно ќе се состанат во Брисел.

 

Повторно одлагање, вели Заев, го зголемува ризикот за владата.

 

„Бундестагот мора да испрати порака, ако не донесат одлука на седницата неделава, најверојатно имаат шанса за тоа на крајот на јуни, ако не го сторат тоа, тогаш останува за Советот на ЕУ во октомври, што значи дека Бундестагот би гласал во септември. И тогаш постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието, затоа што навистина сѐ дадовме“, рече премиерот Зоран Заев.

 

Тој објасни дека извештајот на Европската комисија е најпозитивен досега и дека сите без исклучок се согласни дека земјата треба да ги започне преговорите за членство. Заев нагласи исто така дека неговата влада направила суштински напори и презела голем политички ризик во процесот на усвојување на Преспанскиот договор, за што беше потребно двотретинско мнозинство.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи