Жителите на населбата „Бончејца“ против дивиот пазар, бараат Општина Прилеп итно да го дислоцира

Жителите на населбата „Бончејца“ во Прилеп бараат Општината под итно да превземе мерки и да го дислоцира дивиот пазар кој се наоѓа веднаш до железничкиот премин. 10-тина камиони со препукции на зеленчук и овошје го имаат запоседнато целиот дел од двете страни на железничката пруга. Жителите реагираат дека повеќе не се издржувало од гужвата и миризбата која секој ден се ширела низ населбата.

 

„Ова повеќе не се издржува. Миризба од скапан зеленчук и фекалии се шират на сите страни.  Пазарџиите уринираат пред зградите. Нејасно е зошто и покрај нашите негодувања и апели досега Општината не превзема ништо. Див пазар функционира без никаква контрола. А бидејќи камионите се паркирани на самата раскрсница каде има и железничка пруга само прашање на време е кога ќе се случи сообраќајна несреќа“, велат жителите на населбата.

 

Жителите испратија и повеќе фотографии до редакцијата на Инфо Компас, се закануваат дека ако надлежните не го дислоцираат пазарот, работите ќе ги зеле сами во свои раце.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.