Научниците предупредуваат: Се буди вулкан на Сибир кој може да предизвика катастрофа

Сеизмолошките мерни инструменти, поставени на големиот вулкан Болшаја Удина на Камчатка отчитуваат алармантни податоци. Експертите од Геофизичка служба на Руската академија на науки, предупредуваат дека во подрачјето кое од 1961 година било сеизмички стабилно, во периодот од мај до јули 2018-та година биле регистрирани 559 земјотреси, а во февруари годинава регистриран е земјотрес со магнитуда 4,3 степени по Рихтер, најсилен досега.

 

Експертите, кои што будно ја следат активноста на тлото, алармираат дека во случај на ерупција, таа би била мошне силна и со потенцијал да го загрози светот.

 

“Кога вулканот долго мирува, неговата прва експлозија ќе биде катастрофална. Огромната количина на пепел ќе заврши во воздух, а тоа може да биде погубно не само за околното подрачје, туку и за целиот свет. Сетете се на Помпеја, на будењето на Везув му претходеше затишје од неколку илјади години”, рекол академик Иван Кулаков, директор на лабораторијата за сеизмолошка томографија при Институтот за нафтогасна геологија и геофизика на Руската федерација.

 

Болшаја Удина го сочинува половина од вулканскиот масив Удина, кој исто така ја вклучува и Малаја Удина. Таа е на надморска височина од 9.500 стапки на рускиот полуостров Камчатка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.