ВИДЕО – Во Крушево се одржа голема ЕКО акција по повод Светскиот ден на животната средина

Во Крушево денеска се одржа голема ЕКО акција по повод Светскиот ден на животната средина. Акцијата е поддржана од Францускиот институт во Скопје, Амбасада на Швајцарија и здружението „Гоу Грин“. Инаку Крушево е еден од најчистите и најзелени градови во Македонија. Токму тоа е и еден од неговите главни адути за привлекување на туристи.

 

 

„Ќе направиме ден зафат во кој што ќе острани целата таа пластика која некаде заостанала“, рече Емануел Рембер, Француски Институт во Скопје.

 

„Крушево е навистина еден прекрасен град, еден многу убав град и нема причина тој да не зрачи уште повеќе отколку што тоа го прави сега“, додаде Стефан Томажан, заменик амбасадор на Швајцарија.

 

Се чистеше на локациите кои најмногу ги посетуваат туристите, како Гумење, вештачкото езеро, патиштата кон параглајдинг полетувалиштето и слетилиштата за параглајдерите.

 

„Крушево е една зелена дестинација и чиста средина, односно сакаме да им покажеме на сите тие кои не посетуваат Крушево дека е навистина туриситиичка дестинација“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

Во акцијата како крушевчанец учествуваше и претседателот на МАНУ, Таки Фити, кој рече дека за жал еколошката свест во Македонија била на ниско ниво, требало да се работи на тоа бидејќи било и едно од поглавните барања на ЕУ.

 

„Законот е добар, но немаме имплементација на законот и тоа е проблем во сите сфери кај нас. Со сите закони го имаме тој проблем. Спасот е во тој мониторинг кој што ќе уследи од ЕУ од оној моемнт кога ќе се отворат преговорите. По малку балкански менталитет, ние можеме  да работиме и да постигнеме одлични резултати, но под принуда“, истакна академик Таки Фити, претседател на МАНУ.

 

Во акцијата учествуваа и учениците од Крушево, а таа само ќе придонесе за уште поголема промоција на Крушево и но подигнување на еко свеста кај најмладите.

 

„Мислам дека стартуваме во вистинско време кога се гради нивната еколошка свест и нивниот карактер така да ова е навистина добра активност и  таа ќе влијае позитивно на нивната ако свест“, кажа Весна Јанеска, професор по француски јазик.

 

Настанот заврши со традиционална храна подготвена од ученците од СОУ „Наум Наумовски – Борче“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи