Зголемени трошоците на живот и цените на мало во мај

Facebook
Twitter
Email
Print

Трошоците на живот во мај годинава се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 0,4 проценти во споредба со април, објави денеска Државниот завод за статистика.

 

Пораст кај е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3,7 проценти, кај лебот за 1,6 проценти, другите прехранбени производи за 1,1 процент, цигарите за еден процент, лебот и житата за 0,9 проценти, месото за 0,6 проценти, брашното и другите жита за 0,5 проценти, замрзнатиот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, алкохолните пијалаци за 0,3 проценти и маслото и маснотиите за 0,2 проценти.

 

Пораст има и кај течните горива за домаќинствата за 5,5 проценти, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, туристичките пакет-аранжмани за 3,7 проценти, обувките за 2,8 проценти, услугите за сместување за 2,5 проценти…

 

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 4,6 проценти, трбушките за 0,9 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 0,7 проценти, јајцата за 0,4 проценти и другите пекарски производи, замрзнатата риба за 0,2 проценти. Намалување имаи кај авионскиот превоз на патници за 2,2 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за 1,3 проценти, информатичката опрема за 0,7 проценти, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0,4 проценти, ….

 

Во споредба со мај лани трошоците на живот се зголемени за 1,4 проценти, а цените на мало за еден процент.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи