ВИДЕО – Спиркоски : Суспензијата на стариот клуб „Победа“ од 8 години заврши, сега ФФМ не сака „Победа“ да ја врати во прва лига

Оваа денешна „Победа“ е нов субјект регистриран под името Викторија, формиран во 2010 година, потоа се промени името во „Победа јуниор“, па потоа скратен назив на клубот е ФК Победа. Од која причина е прифатен овој назив од страна на Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни институции не ми е јасно, бидејќи постои веќе еден субјект кој што не е згаснат, тоа е онаа вистинската „Победа“. Ова денеска на прес конференција го истакна Миле Спиркоски, в.д. претседател на „Победа“.

 

 

„Старата „Победа“ која што имаше големи успеси беше суспендирана на 8 години. За жал во тој период во кој што беше суспендирана таа вистинската Победа бев и јас комесар и ја спроведов таа одлука на УЕФА и ФИФА. Таа „Победа“ требаше да почне да се натпреварува во 2017/2018 во Првата лига на Република Македонија, но таа одлука од страна на Фудбалската федерација не беше испочитувана. Што се случи, зошто таа вистинската Победа не се натпреварува во Прва лига и зошто имаме Победа со уште едно исто име, тоа ќе треба да се дообјасни“, истакна Спиркоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи