Голем успех за борците на прилепски „Максам“ во Швајцарија

На 8 јуни во градот Винтертур во Швајцарија се одржа меѓународен натпревар во Кик бокс дисциплини К1 и Таи бокс во организација на ICF „International Charity Fights“. Учествуваа борци од многу држави Швајцарија, Германија, Албанија, Србија, Македонија, Косово, со свои претставници во машка и женска конкуренција.

 

„Од нашиот клуб „Максам“ Прилеп настапија 3 натпреварувачи и сите тројца имаа победа.

 

  • Марио Пеливаноски победа на поени против Ваид Ибрахими Швајцарија дисциплина К1, категорија 57кг.
  • Дино Пеливаноски победа на поени против Радојевиќ Стефан – Швајцарија дисциплина Таи бокс категорија 54кг.
  • Далибор Кафеџиоски победа на поени против Џулиан Пастори од Швајцарија дисциплина Таи бокс категорија 65 кг.

 

Нашите натпреварувачи имаа одличен настап и покрај долгото патување беа спремни кондиционо и технички. На крај на турнирот имаше професионални борби за титули, имаше одлични борци и борби. Едно големо искуство за нас, стекнавме нови пријатели нови контакти. Продолжуваме со работа и тренинзи не очекуваат нови натпревари на државно и меѓународно ниво“, вели Пеце Ангелески од клубот „Максам“ од Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.