Нови судири во Хонг Конг поради контроверзниот закон за екстрадиција

Нови насилни протести избиле денес во Хонг Конг поради контроверзниот закон за екстрадиција во континентална Кина. Судирот изби откако вчера полицијата користела солзавец и гумени куршуми за да ги разбие насобраните десетици илјади демонстранти.

 

Вчерашните протести пред седиштето на локалната влада довеле до одложување на расправата за законот за екстрадиција, кој предизвикал загриженост поради поголемата кинеска контрола и ерозија на граѓанските слободи во таа полуавтономна територија на Кина, пренесува “Reuters”.

 

Претседателката на владата на Хонг Конг, Лери Лем, го осудила насилството и повикала на брза обнова на редот, но ветила дека за законот ќе се расправа.

 

Познавачите на состојбите сметаат дека Пекинг не би сакал да дојде во позиција да ја повлече поддршката за законот, но од друга страна не смее да си дозволи да ги потпали состојбите.

 

Кина претходно даде силна поддршка за овој закон, за кој демонстрантите сметаат дека е во иднина би се користел за да се испраќаат политички активисти и дисиденти од градот во Кина за да се соочат со построги казни.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.