Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека односите меѓу Вашингтон и Москва стануваат сè полоши. Тој додаде и дека моменталната американска администрација вовела десетици санкции врз Русија.
Путин ја даде изјавата пред самитот на Г20 во Јапонија кој ќе се одржи кон крајот на месецов и каде можеби ќе сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Сепак шефот на руската држава изрази очекување дека за време на Самитот на земјите од Г-20, би можеле да се постигнат договори, со кои би се отворил патот за економска соработка.
Врските меѓу САД и Русија се се уште тензични поради конфликтите од надворешен фактор како односите на Сад со Сирија и Русија со Украина, како и конспирацијата дека Русија се вмешала во изборите и политиката на САД. Но овие обвинувања Москва ги негира.