Русија ги обвинува САД дека намерно сакаат да предизвикаат војна со Иран

Facebook
Twitter
Email
Print

Соединетите држави „настојуваат намерно да предизвикаат војна“ со Иран, рече заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, алудирајќи на објавата дека САД ќе испратат уште илјада војници на Блискиот исток како одговор на нападите врз двата нафтени танкера во Оманскиот Залив, при што го обвинија Иран дека ги извршил нападите.

 

Обраќајки им се новинарите, Рјабков рече дека веќе долго време може да се забележи постојан политички, психолошки, економски и воен притисок на САД врз Иран.

 

„Верувам дека ваквиот начин на реакција на некој начин е провокација. Не може да се сфати никако поинаку, освен како настојување да се предизвика војна“, рече Рјабков, а пренесе државната агенција „Тасс“.

 

Истовремено, како одговор на американската најава за распоредување поголем број војници на Блискиот исток, иранскиот претседател Хасан Роухани рече дека неговата земја нема да војува против ниедна друга држава.

 

„Иран нема да војува против ниедна земја. Оние кои со тоа нѐ соочуваат се група политичари со мало искуство“, рекол Роухани во говоротот пренесуван во живо на државната телевизија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи