Заев ги повика сите работници со ниски приходи да аплицираат за мерката „организиран одмор“

Facebook
Twitter
Email
Print

Семејствата на вработените лица чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари може да се пријават на јавниот повик за да добијат ваучер во вредност од 15.000 денари за летување во некој од домашните туристички центри.

 

„Започна мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Сите семејства чии месечни примања не надминуваат нето износ од 22.000 денари, можат да се пријават на Јавниот повик и да добијат ваучер во вредност од 15.000 денари. Корисниците на овие ваучери ќе имаат на располагање голем број категоризирани хотели во земјата, со што го стимулираме и развојот на домашниот туризам, кој во 2018 бележи раст од 12% во однос на 2017“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил повикувајќи ги оние на кои им е потребна парична помош.

 

Оваа мерка ја најави министерот за Економија, Крешник Бектеши кој истакна дека за оваа мерка владата издвоила 20.000.000 (милиони) денари. За оваа година планирано е 1.300 фамилии со пониски примања да ја искористат оваа можност во некој од хотелите во Охрид и Струга, на преспанскиот брег или пак да уживаат во природните убавини на Попова Шапка или пак во Берово.

 

Мерката се спроведува од 2017. година, а досега ја искористиле 2.200 семејства.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи