„Крајот на светот каков што го знаеме“ – нова премиера на Театар „Чин 4 Сцена 5“

Во рамките на манифестацијата „Прилепско културно лето“, Театар „Чин 4 Сцена 5“, ќе ви ја прикаже завршната претстава на трета група при училиштето за театар, „Крајот на светот каков што го знаеме“, од Алекс Браун.

 

Играат: Иво Јездиќ, Тереза Спасеска, Михаеле Јованоска, Михаела Јанеска, Хелена Зографоска, Даниела Димитриоска, Јована Златанова и Илин Ристески.

 

ПРЕМИЕРА: 02.07.2019. (вторник)
ПОЧЕТОК: 20 часот.
НУЦК „Марко Цепенков“ (камерна сцена)
ВЛЕЗ: Слободен.

 

НАПОМЕНА: Поради ограничениот број на седишта (70), ве молиме навреме да резервирате бесплатна влезница. Влезниците може да се резервираат на телефонскиот број 075 48 66 57. Максимален број на резервации од еден телефонски број или име е два билети. Претставата не е за лица под 14 години. На лицата помлади од 14 години нема да им биде дозволен влез.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи