Синот на Горан Стефановски бара донации за изработка на негова скулптура што ќе го краси Дебар Маало

Facebook
Twitter
Email
Print

Синот на познатиот македонски драматург Горан Стефановски, Игор, преку социјалните мрежи замоли за донации од граѓаните за да се соберат пари со кои ќе се плати клупата со скулптура од Стефановски, која веќе се изработува во Лондон, Британија.

 

„Ги замолувам сите оние кои би сакале да се оствари идејата за клупа со Горан Стефановски во Дебар Маало да кликнат на овој линк, да видат за што се работи, да донираат ако се во можност и, најважно, да го препратат линкот… Сите по малку = многу е муабетот“, напиша Игор вчера на својот профил на Фејсбук.

 

„Бронзена скулптура е нарачана да се направи за да се постави покрај дрвото засадено во негова чест во Дебар Маало. Се состои од клупа, статуа од Горан седнат на клупата и простор за некој да седне до него и да ужива во неговото друштво“, стои во описот на кампањата.

 

По смртта на Стефановски и по иницијатива на МАНУ, Општина Центар најави дека во негова чест ќе направи спомен обележје кое ќе биде поставено во неговото омилено Дебар Маало во Скопје. Но, ваквите најави на Општина Центар не се остварија, па сега синот Игор бара помош да се плати клупата и скулптурата.

 

Кампањата има за цел да обезбеди 15 000 фунти, а досега се собрани над 4000.

 

За да помогне, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ најавил донаторска акција во август.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи