Германската канцеларка Ангела Меркел повторно очигледно се тресеше на јавен настап. Овој пат во Берлин, додека стоеше до германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер, на испраќањето на министерката за правосудство Катарина Барли, која доби мандат во Европскиот парламент.
Сепак од нејзиниот кабинет излегоа со информација дека се било во ред со Меркел.
„Сè оди според планираното. Канцеларката е добро“, изјави нејзиниот портпарол.
Ова е втор пат во краток период како и се слошува на Меркел. Германската канцеларка и пред девет дена очигледно се тресеше на пречекот на новиот украински претседател Володимир Зеленски. Додека го чекаше, нејзините нозе и телото почнаа да се тресат, а изгледаше како едвај да стои додека се интонираа химните на Германија и Украина.
Германскиот канал НТВ објави дека на Меркел ова првпат ѝ се случило при посетата на Мексико во 2017.