„Боинг“ не знае што да прави со своите авиони откако поради две големи несреќи во октомври и март се мачеше да најде купувачи за проблематичниот модел „737 макс“.
Поради проблеми со сензорите во системите за контролата на летање, сите авиони „Боинг 737“ се приземјени, поради што компанијата била принудена да ги паркира неиспорачаните авиони на паркингот за вработените, не оставајќи простор за автомобилите.
„Го користиме просторот во фабриките на „Боинг“ додека трае паузата во испорачувањето на „737 макс“, вклучувајќи ги оние во Сан Антонио, Сиетл и на езерото Мозес“, изјави портпаролот на „Боинг“, Пол Бергман.
Два авиона „Боинг 737 макс“ се урнаа во Индонезија и Етиопија поради софтверска грешка, при што вкупно загинаа 346 луѓе. Ова доведе до приземјување на целата флота на „737 макс“ во март, што компанијата ја чинеше една милијарда долари во првата третина од годината.
Како што пишува Блумберг, низ светот се приземјени околу 500 авиони „Боинг 737 макс“, а стотина од нив се во фабриката во Рентон. Компанијата плаќа месечен паркинг од 2.000 долари за секој авион.