Јанакиески во притвор, а полицијата го бара дома

Facebook
Twitter
Email
Print

Судењето за насилството во општина Центар се одложи поради отсуство на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

 

Иако Јанакиески пред неколку дена доби 30 дена притвор за злоупотреба на службена положба за склучување договори за оттуѓување земјиште во сопственост на државава, истиот суд кој го одобри притворот, денес и даде наредба на полицијата да го бара поранешниот министер на домашна адреса.

 

Односно, Основниот суд Скопје 1 издал налог Јанакиески стражарно да биде доведен на рочиште од неговиот дом, и покрај фактот што тој е во притвор во Истражниот затвор во Шутка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи