Седум капетани и два „херои на Русија“ меѓу загинатите во пожар во руска подморница

Руските воени власти отворија истрага за пожарот на руската подморница во која животот го загубија 14 морнари, меѓу кои 7 капетани и 2 „херои на Русија“.

 

Несреќата се случи вчера во руските територијални води. Како што беше пренесено од страна на руските медиуми, морнарите загинале поради вдишување отровни гасови од пожар што избувнал во просториите на подморницата.

 

Од Министерството додадоа дека огнот бил изгаснат и оти подморницата моментално се наоѓа во арктичкото пристаниште Североморск, главната база на руската Северна флота.

 

Русите не откриваат за каков тип на подморница станува збор, ниту колку морнари имало во неа за време на несреќата.

 

Последната голема несреќа кога станува збор за руска подморница се случи на 12-ти август 2000-та година кога во текот на воена вежба се случи катастрофа во нуклеарната подморница „Курск“. Тогаш животот го загубија сите 118 членови на екипажот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien