Целосно помрачување на сонцето над Чиле и Аргентина

Илјадници набљудувачи се собраа вчера во Јужна Америка за да сведочат на ретката појава тотално помрачување на Сонцето. Тргнувајќи од насока на Тихиот Океан, појасот на видливото помрачување се протегаше преку Чиле и Аргентина и овој спектакл можеа да го набљудуваат освен локалните ентузијасти, и најмоќните телескопи на светот.

 

 

Гледачите на овој природен феномен можеа да уживаат во сите фази на целосното помрачување проследени со неверојатни светлосни ефекти. Ги видоа Бејлиевите бисери, сјајен прекршен светлосен прстен околу Месечевата плоча кој настанува поради географските извишувања, односно ридовите и планините на Месечината, и феноменот наречен Дијамантски прстен кој го обележува почетокот и крајот на целосното помрачување.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien