Во Прилеп започна 56-тиот Интернационален скулпторски симпозиум „Мермер“

Оваа година се навршуваат 56 години од Интернационалниот скулпторски симпозиум „Мермер“ кој што е во организација на Центарот за современа ликовна уметност (ЦСЛУ). Уметниците кои ќе ги создаваат своите дела во рамки на овој симпозиум, ќе ги остават своите дела во Прилеп и тие ќе бидат дел од постојната збирка на скулптури“.

 

Уметниците своите дела ги создаваат во кругот на „Мермерниот Комбинат – Прилеп“. Годинава на симпозиумот има присутно 2 учесници, Каролина Палмера од Аргентина и Албулен Незири од Косово.

 

Инаку  Прилеп е еден од ретките градови кои располагаат со импозантна збирка на скулптури, чиј број се движи околу 200 и кои се поставени на различни локации во градот.

 

Покрај скулпторите од Аргентина и Косово, оваа година во работилниците кои ги организира Центарот за современа ликовна уметност, учество ќе земат и уметници од Бугарија, Србија, Полска, Шпанија, Канада, Русија и Македонија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.