Груевски ги обвинува Заев и СДСМ за манипулации со „бомбата“ за Нешковски

Facebook
Twitter
Email
Print

Експремиерот Никола Груевски повторно се огласи преку Фејсбук од каде ги критикува премиерот Заев и неговата партија дека манипулирале со снимките од „бомбата“ за Мартин Нешковски во 2015 година.

 

Груевски се повикува на последната пуштена аудио снимка на кичевчанецот Ел Чека, која подоцна е објавена и на руски видео сервис, за наводниот разговор меѓу него и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, којашто се однесува на убиството на Мартин Нешковски.

 

„Монтираниот аудио материјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната ‘бомба’ чија ‘експлозија’ требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел кулминација на политичката криза која ја создаде“, порачува Груевски преку својот пост на Фејсбук.

 

Груевски понатаму го обвинува Заев за „фашистичка монструозност“ префрлајќи му дека го „измамил народот со купишта вакви фабрикувани материјали и измами.“

 

„Прво монтирани снимки кои создаваат “експлозија од емоции” кај народот, а потоа по доаѓањето на власт нова измама преку притисок и наредба на судиите да ги прифатат овие монтирани снимки како клучни докази и шокантно и без објаснување како никаде во светот, да не прифатат нивно судско вештачење на нивната целовитост и автентичност“, пишува експремиерот.

 

На снимката се слуша како Урко два дена ги лажел во МВР за да го скрие убиството на Нешковски и да ги заштити своите пријатели, кои Груевски ги бркал, а тој ги враќал на работa.

 

 

За случајот со убиството на Мартин Нешковски, полицаецот Игор Спасов е осуден на 14 години затвор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи