На 15, 16 и 17 јули во Прилеп ќе се спроведува втората фаза од дезинсекцијата

Ве известуваме дека на ден 15, 16 и 17 јули 2019 год. во периодот од 05 до 11 часот на територијата нa Општина  Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува втората фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

 

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини т.е места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, комплетно течение на градска река, Дабнички канал, Селечка река, област Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

 

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот ден.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи