Студиото за анимација во Јапонија во кое загинаа десетици луѓе било запалено поради плагијат

Facebook
Twitter
Email
Print

Јапонската полиција го откри идентитетот на лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица. Станува збор за четириесет и едногодишниот Шинџи Аоба, кој не бил на никаков начин поврзан со студиото.

 

Според јапонската полиција, Аоба за кој се верува дека го запалил студиото, се наоѓа во болница поради изгореници и сѐ уште не е испитан. Најверојатно пожарот го предизвикал  бидејќи го обвинил студиото за плагијат, односно дека му украло идеи за стрип.

 

Околу 10 часот и 30 минути по локално време, Аоба со два канистера полни со бензин влегол во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии, по што го истурил наоколу, извикувајќи ‘умрете‘, пред да го запали. Огнот бргу се проширил низ целата зграда, при што загинаа најмалку 33 лица, а 10 се во критична состојба.

 

Во моментот кога избувнал пожарот, во зградата имало 74 луѓе. Деветнаесет тела, едно врз друго, се пронајдени на скалите што водат кон покривот на третиот кат. Пожарот целосно бил изгаснат дури утрово. Станува збор за најтешкото масовно убиство во земјата во последните две децении.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи