ВИДЕО – Спасовски : Секој нелегално стекнат имот треба да биде конфискуван

Ставот на Министерството е дека треба да се бориме радикално против криминалот и корупцијата и секој нелегално, неправно стекнат имот треба да биде запленет, да биде конфискуван, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по соопштението на јавното обвинителство дека во Охрид е конфискуван глисерот на Зоран Милески Кичеец.

 

 

„Знаете дека во годините наназад, во сите овие години на независна Македонија многу малку случаи имавме на конфискација на имот. Тоа праќаше една порака до криминалните структури дека и покрај криминалните активности, стекнатиот имот нема да биде конфискуван. Сега веќе начинот на работењето е сменет концептуално и во делот на МВР и во делот на Јавното обвинителство, паралелно со сите истраги и постапки се води и финансиска острага и врз основа на наредбите кои ги добиваме од јавниот обвинител, ние постапуваме. Не само конкретно за еден настан, не само за еден случај, туку за сите случаи ќе се постапува понатаму и секој еден нелегално стекнат имот мора да биде вратен на државата, односно на граѓаните“, истакна Спасовски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи