ВИДЕО – Во Прилеп одбележани 62 години од смртта Методија Андонов Ченто

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Методија Андонов Ченто во Прилеп беа одбележани 62 години од смртта на првиот претседател на Македонија.

 

 

„Одбележавме 62 години од смртта на нашиот голем револуционер и борец, кој што остави трага во државничкиот, политичкиот и народниот живот во нашата држава. Со години знаеме дека се бореше за нашата држава, успеа да биде првиот претседател на президиумот на македонската држава и остави длабоки траги за сите наши генерации што во иднина треба да живееме во нашата држава“, кажа Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Јованоски не сакеше да ја коментира затворската казна на правнукот на Ченто, Јане Ченто и само рече дека овие два случаи немаат никаква корелација.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи