ВИДЕО-Ристески : Лицемерно е со една рака да полагаш цвеќе пред Ченто, а со друга да потпишуваш распродавање на Македонија

Денес на 62 годишнината од смртта на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, со посебна чест сме тука да се поклониме пред неговиот споменик, пред неговиот лик и дело. Навистина сум посебно горд што како ВМРО-ДПМНЕ стоиме на патот кој трасирал Методија Андонов Ченто, работиме на остварување на идеалот за кој тој живеел и се борел – самостојна, независна, силна Република Македонија. Истакна Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на одбележувањето на 62 годишнината од смртта на Ченто.

 

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

„Но морам да го изразам моето огромно незадоволство од лицемерието на политичарите од власта. Тука со една рака положуваат цвеќе на споменикот на Ченто, а со друга рака потпишуваат распродавање на македонските национални интереси. Го сменија уставното име, воведоа двојазичност на целата териториија на Македонија и тука во Прилеп. Ја распродаваат најефтино македонската историја и се она за кое Ченто не се борел.

 

Не само што распродаваат се што е македонско туку во своите намери газат преку најголемите великани како Ченто и неговото семејство и фамилија.

 

Како што Ченто настрадал од нивните предци сега му ја кројат судбината и на неговиот правнук Јане Ченто, кој борејќи се за истиот идеал на својот прадедо сега отслужува затворска казна одредена од оваа предавничка власт.

 

Зошто се одбележува 62 годишнината од смртта на Методија Андонов Ченто без присуство на членови на неговата потесна или поширока фамилија?

 

Оваа предавничка власт мора да падне и ќе падне. Но последиците ги чувствуваме сите. Македонскиот народ е свесен за се што се случува и верувајте на првите избори ќе ги смести овие предавници онаму каде што им е местото, на буништето на историјата, заедно со најголемите предавници во историјата на Македонија“, истакна Ристески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи