Заев: Не ја предложив јас Рускоска за шеф на новото обвинителство

Facebook
Twitter
Email
Print

Обвинителката Вилма Русковска ќе ги преземе тимот и постапките на Специјалното јавно обвинителство, затоа што е актуелна шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција каде што е во план да се интегрира и СЈО, појасни денеска премиерот Зоран Заев, кој рече дека тој не ја предлага Русковска за шефица на новото СЈО.

 

„Не ја предложив јас Русковска за шеф, не ми се доаѓаше ни мене пред 5, 7, 9 години, но кој ме прашува мене. Обвинителите ги бира Совет на јавни обвинители. Во Обвинителството постои субординација и координација. Тоа е нормален процес“, рече Заев.

 

Премиерот кажа дека припојувањето на СЈО кон постојното Обвинителство за организиран криминал и корупција било барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кое тие како власт го прифатиле.

 

„Решението што ВМРО-ДПМНЕ го бараше и написмено во овие работни групи беше да се откажеме во опстојување на самостојноста на СЈО во идниот перид, да не биде посебно одделение, туку да се припои. Го направивме тоа. Верувам дека имаме решение и дека овие денови ќе ги отвориме дебатите. Треба да и учиниме и да и помогнеме на државата и ова прашање да го тргнеме од дневниот ред“, истакна Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи