Женско тело завиткано во црна вреќа пронајдено во скопско Горно Оризари

Facebook
Twitter
Email
Print

Женско тело во распаѓање завиткано во црна најлонска кеса било пронајдено вчера покрај патот кај скопското село Горно Оризари. Идентификацијата на младата жртва се уште трае во Институтот за судска медицина како и утврдување на причината за смртта.

 

Се претпоставува дека станува збор за насилна смрт затоа што телото не било закопано туку само фрлено покрај патот. Телото било пронајдено од страна на вработен во Комунална хигиена, по што по налог на јавен обвинител било префрлено на судска медицина.

 

Од Судска медицина велат дека обдукцијата на телото е завршена, но конкретни сознанија за тоа колку време била мртва, дали на телото се пронајдени траги на насилство и останатите подетални информации ќе се знаат утре.

 

Од полицијата информираа дека немаат пријава за изчезнато лице, ниту пак било каква друга информација која би можела да помогне во идентификација на телото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи