Машки труп пронајден во резервоар од возило во акумулацијата „Турија“ кај Струмица

По само два месеца, откако во метално буре беше пронајден машки труп, сега повторно е пронајден труп, овој пат сокриен во резервоар за гориво, кај струмичката брана Турија.

 

Министерството за внатрешни работи потврди дека трупот пронајден во доцните попладневни часови трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација. Во информацијата се додава дека на местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.

 

Засега други подробности и информации не се дадени. Повеќе детали за овој случај како и идентитетот на жртвата, полицијата најави дека ќе соопшти подоцна денеска.

 

Дел од јавноста во струмичко стравува дека можеби станува збор за сериски убиец, бидејќи летово, ова не е првиот труп скриен во водите на Турија.

 

Имено, на безмалку идентичен начин, на 20 јуни годинава, во метално буре, беше пронајдено безживотното тело на струмичанецот Ристо Илјашев, кој од мај се водеше за исчезнат. Полицијата за овој случај се пофали – убиецот е пронајден и притворен, станува збор за 52-годишен маж од селото Добрејци. Двајцата се познавале, а според обвинението, убиецот делото го сторил на грозоморен и насилен начин, по што телото на Илјашев го ставил во метално буре, на кое пак дополнително му поставил и тегови за да не може да исплива од вештачкото езеро.

 

Засега не може да се потврди поврзаност на осомничениот жител од Добрејци, кој е зад решетки, со вчерашниот случај во Турија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи