И покрај тоа што интервенираше и војската на Русија, сепак ситуацијата на Сибир не се подобрува, па големата борба со огнената стихија и натаму продолжува. Како што денеска соопштила службата за заштита на шуми во Сибир, а пренесуват руските агенции, пожарникарите ги гасат пожарите на вкупна површина од 163.100 хектари.
Според овие информации, пожарникарите се борат со 78 пожари кои зафатија 110.082 хектари во регионот Иркутс и 69 пожари на 46.976 хектари.
Еколошката организација Гринпис, која пожарите во Сибир ги прогласи за еколошка катастрофа, тврди дека Русија ја крие нивната вистинската големина.
„Кремљ како и со хаваријата во Чернонбил, ја крие вистинската информација и го релативизира пожарот. И покрај изјавите на руските власти, областа на пожари во Сибир не се намалува. Според сликите на сателитите, има повеќе од 4,3 милиони хектари изгорени – површина колку што е московскиот регион“, се вели во изјавата на организацијата, цитирана од Европската унија.
Федералната агенција за шумарство во Русија соопшти дека пожарите и покрај нивната големина не претставуваат закана за населбите и деловните активности. Пожарот е далеку од населени места, но во многу села во Краснојарскиот регион и соседните региони Јакутија и Иркутск се испушти густ чад, што според медицинските лица е штетен за здравјето.
Властите беа принудени да дејствуваат делумно заради притисокот на јавноста. Околу 1 милион луѓе потпишаа петиција за гаснење на пожарите во Сибир.