„Ла Верита“ објави нова снимка: Јанева на Камчев – не се секирај ќе биде се во ред!

Facebook
Twitter
Email
Print

Интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ утрово објави нови делови од снимката за исплатата на притвореникот Орце Камчев кон Бојан Јовановски, на кој покрај гласовите на Боки 13 и Камчев, се слуша и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

 

„Не се секирај за ништо, се ќе биде ОК“, му вели во еден дел Јанева на бизнисменот Орце Камчев.

 

 

Ларис Гајзер, сопственикот на италијанскиот весник „Ла верита“ кој вчера и денес објави снимки од средба на Бојан Јованоски – Боки 13, Зоран Милески – Кичеец со бизнисменот Орце Камчев, на која тој им предава торби полни со пари, денеска објаснува дека со овие објави сака да помогне во потрагата по вистината во Македонија.

 

„Денеска на ‘Ла верита’ го објавив вториот дел од мојот прилог за раширеноста на корупцијата во Македонија. Од 2015 година ги следам и известувам за тоа како група некомпетентни политичари (десни и леви) со помош на непријателски странски сили бесрамно играат со секојдневниот живот и судбина на македонскиот народ. Заслепеноста на политичките елити измешана со злобните меѓународни притисоци ја донесоа Македонија до корупција и опасен пример за општо прифатен ограничен суверенитет.

 

Сите мои претходни прилози и говори го докажуваат напорот да ја заштитам Македонија од понижување, да ја предупредам ЕУ за нејзиното недолично однесување и да ја поштедам меѓународната заедница од создавање неприфатливи преседани.

 

Не сум богат. Мразам глупости и манипилации. Верувам во човечката интелигенција и во слободата. Двете секогаш го наоѓаат патот до површината. Мојата надеж, денес со моите извештаи е да ги охрабрам добрите, сѐ уште независни, слободни судии – вистински верници во важноста на владеењето на правото – да истражуваат понатаму и да ја направат Македонија светол пример за стабилна земја!

 

Избегнувајќи да бидам вовлечен во политички борби, би сакал да го дадам својот мал придонес во потрагата по вистината за да му помогнам на македонскиот народ да најде нови сили на патот кон организирана држава. Со тековните сложени геостратешки промени, ние Европејците ѝ должиме на Македонија стабилност, сигурност и уникатна историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија треба што поскоро да стане член на нашата, иако несовршена Европска Унија, правејќи нѐ посилни и побогати“, напиша Гејзер на својот профил на Фејсбук.

 

Скандалот кој ја потресе политичката сцена во земјава и надвор се случува кога од неразбирливи причини обвинителката Рускоска и СЈО се на одмор, а за Катица Јанева не се преземени никакви мерки на претпазливост и покрај сите индиции за нејзина вмешаност кои протекоа во јавноста.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи