Јовески: Не штитиме никого во „Рекет“, сите ќе бидат распитани

Facebook
Twitter
Email
Print

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески изјави дека секој инволвиран во случајот „Рекет“ ќе биде распитан и дека Обвинителството постапува неселективно.

 

„Поради доверливоста на постапката однапред  не може да се соопшти што презема Обвинителството  за да се обезбедат доказите и за да се утврди вистината според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот. Уште еднаш истакнувам дека обвинителството постапува неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан и испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе сѐ донесе јавнообвинителска одлука“, вели Јовески.

 

Денеска во италијанскиот весник „Ла Верита“ беше објавено второто продолжение од видео-снимките на кои се слуша разговорот меѓу Орце Камчев со Бојан Јовановски кои се договараат околу парите, но и помошта што ќе ја даде Боки 13 во случајот „Империја“. Во еден момент, се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која преку спикерфон му вели на Камчев да не се секира, односно дека сѐ ќе биде во ред.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи