Срцето на старата прилепска чаршија повторно ќе оживее оваа среда, 14 август, кога The Hounds прославуваат 11 години од своето постоење. Прилеп го очекува одлична забава и супер атмосфера, а The Hounds ветуваат дека единаесетката ќе биде најдобра и најголема до сега.
Како и секогаш, сцената ја делат со голем број на пријатели кои што работат во повеќе уметнички правци, а овој пат на бината спроти Jazz Club Take Five ќе се качат преку 30 артисти.
„На ниеден роденденски концерт не сме биле сами. Овој пат на бината ќе не дружат Cyrillic, Ricardo, Neox, Acika, SAJO & RobbieRay LedRobot, Dj Petе, Dj Chiko, Mario Eddie, Mario Cartie, Dejan Trajkoski и многу други. Исто така спремаме и посебно изненадување за нашите фанови, но да не откриваме се. Ова ни е најважен настап во годината и со задоволство ќе го споделиме со сите вас“, изјави Златко Карчески, фронтменот на The Hounds.
ПрилепНаТочак, како поддршка за настанот ќе извозат симболична рута, а потоа точаците ќе бидат паркирани во центарот на Прилеп, со цел убавата страна на градот да биде комплетна.
Оваа среда, во 21 часот, во срцето на старата прилепска чаршија, да покажеме колку Прилеп може да биде убав!