Рекорден број пожари се регистрирани во џунглата Амазон во Бразил годинава, покажуваат новите податоци од Националниот институт за истражување на вселената (Инпе). Институтот соопшти дека неговите сателитски податоци покажуваат пораст од 84% во однос на истиот период во 2018 година.
Научниците потенцираат дека тропските дождовни шуми опаѓаат, а еколозите за животната средина го обвинија бразилскиот претседател Болсонаро за маките на Амазон, велејќи дека неговото непреземање на акции ги охрабрува дрвосечачите и земјоделците да ја запалат шумата, а со тоа и да ја намалат, за да отворат земјоделско земјиште, или пак земјиште за одгледување добиток.
Во изминатата деценија, претходните влади успеаја да го спречат уништувањето на шумите со федералните агенции и системот на казни. Но, Балсонару и неговите министри ги критикуваа казните и ги намалија запленувањата на дрва и пресудите за криминал во животната средина.