„Фолтин“, или псевдно-емигрантското кабаре, како што сакаат себеси да се нарекуваат, во четврток ќе одржат концерт на летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“, со почеток од 21 часот.
„Фолтиновци“ оваа година се актуелни со албумот „МОМÓМА“, кој според писателот и рецензент Дејан Трајкоски е „најзрелиот албум на битолската група“. Музички клуч под дипле, со кој, вели тој, влегувате којзнае каде. Благо џезиран, а бескрајно љубовен.
Влезници по цена од 100 денари за концертот во Прилеп можат да се набават во кафе „Чоше“ и таверба клуб „1990“.
119