На 30 август 2019, петок во 19:00 ч. во ликовната галерија на НУЦК„ Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата ”Форми во црно” на авторот Мице Јанкуловски.
Во ликовната галерија ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно од најновата продукција на Мице Јанкуловски „ -Форма 3“ која е препознаена како исклучителна од страна на професионалната јавност во светот, зашто зборуваат и последните награди:
„Лоренцо ИлМагнифико“ Награда за животно остварување на Биеналето Фиренца 2019, Италија
Наградата „Уметник на светот“ на Биеналето Ларнака 2018, Кипар
„Гран при“ на Меѓународното биенале за графика Варна 2017, Бугарија … и многудруги …
Делата од оваа фаза на Мице Јанкуловски се карактеризираат со:
Монохромност – зашто се насликани само со една боја – црна
Модуларност – затоа што димензиите се обмислени и секогаш во одреден однос една со другаМултипликација – затоа што сликите се мултиплицираат и така создаваат нови дела
Минимализам – зашто делата, концептот и смисолот се постигнати со минимални елеманти / што е најтешко да се постигне, но сликите се резултат на 50 годишно уметничко творештво!
Оваа, 2019 година, Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и докрајот на годината, освен во Македнија ќе има самостојни изложби во Торино, Италија; Ст. Петерсбург, Русија и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.
Повеќе за авторот Мице Јанкуловски
1954 Роден во Сливово, Охрид
Живее и работи во Скопје, РС. Македонија
Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал различни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи различни материјали и техники, вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво кое опфаќа различни медиуми го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност која постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот, преклопувајќи се на рамнина која се протега бескрајно далеку…
Почетоците на уметничкото создавање на Мице Јанкуловски датираатод 1969 г., додека концептуален пристап кон апстрактното сликарство развива од раните седумдесетти години. Неговата прва слика – круг со органски форми во масло на платно создадена во неговата рана возраст од 15 години, е првата од фазата слики со органски форми во неорганизирани системи, подоцна наречена „Форма 1”. Во следните серии, „Форма 2”, тој приоѓа од блиску кон неговите форми, ги растура формите, оставајќи како тема на сликите самокриви и лаковидни форми. Во најновите дела, сериите наречени „Форма 3”, тој работи само со црна боја која е нанесена на површината на платното во дебел слој, притоа користејќи посебни алатки за да направи геометриски форми, линии или различни растери на неговата површина. Неговата цел со ова е да создаде ефект кој реагира на промената на насоката на светлината, овозможувајќи му на набљудувачот нови и нови искуства додека се движи пред делата. Мице Јанкуловски ја враќа аналогната релација кон уметноста со тоа што го покажува начинот на сликање кој се открива од страна на гледачот со одење околу просторот каде се изложени сликите.
Мице Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена, како во Палатата Ка ‘Занарди во рамките на ОСТЕН павиљон Венеција, Италија; Галерија Лола Николау во Солун, Грција; Градската галерија во Варна, Бугарија; АрхивиделаМизерикордија во Венеција, Италија; Devlet Resim Heykel Muzesi во Анкара, Турција; Југословенскиот културен центар во Париз, Франција и голем број на групни изложби.