Трио Долче со „Сеќавање на едно лето“ пред прилепчани

На 30 август 2019 /петок/ во 20.00 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“со наслов „Сеќавање на едно лето“концерт ќе одржи ТРИО ДОЛЧЕ.

 

Програма:

 

Sergei Rachmaninoff – Romances – Vocalise No.14

Claude Debussy – Piano Trio in G – major

I. Andante con molto allegro

II. Scherzo. Moderato con allegro

III. Intermezzo. Andante espressivo

IV. Finale. Appassionato

Vittorio Monti – “Czardas”

Astor Piazzolla – “Libertango”

Johannes Brahms – Hungarian Dance No.6 – Vivace

 

Информации за членовите:

 

Андријана Дукоска е родена во 1987 година во Прилеп

Средно Музичко училиште завршува во 2006 г. во Битола, во класа на Проф. Панде Тунтевски, како музичар изведувач – Виолончелист. Своето Високо образование го продолжува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, во класа на Проф. м-р Живко Фирфов, а го завршува во 2010 г. со највисока оценка, со што се закитува со титулата Професор по Виолончело.

Учествувала на повеќе државни натпревари и е добитник на: втора државна награда за соло виолончело во 2004 г. и прва државна награда за камерна музика во 2005 г. Учествувала на мајсторски часови и семинар кај светски познатиот и маестрален виолончелист Јоханес Мозер – Германија. Настапува на повеќе значајни и културни манифестации, соло изведби на свечено отворање изложби и промоции на книги, бројни настапи како член во гудачки квартети, камерни и симфониски оркестри.

Во 2016 г. е формирано Триото „Trio Dolce“, со кое активно концертираат, земајќи учество на културни манифестации низ Македонија, со свои целовечерни концерти кои се поддржувани од Министерство за Култура на Р.Македонија.

Добиваат покана за целовечерен концерт од Francesco De Santis – уметнички директор на културното музичко здружение „Euterpe“од градот Корато – Италија, во “Sala Verde”. Претставувајќи го ова трио од Р.Македонија, ќе ја продлабочат соработката меѓу двете држави и разменувањето музички и културни вредности од областа на класичната музика.

 

Марија Шамоска Буџаковски е родена во Битола, каде го завршува основното и средното музичко училиште, во класата на м-р Ана Стефановска. Потоа се запишува на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на м-р Милица Шперовиќ-Рибарски, кај која ги завршува и магистерските студии и се стекнува со звањето Магистер.

Учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари и е добитник на повеќе награди. Учествувала на семинари кај познати пијанисти.

Настапувала на повеќе значајни културни манифестации како: ”Денови на македонската музика”,”Денови на полската култура во Македонија”,”Ресенско културно лето”, „Денови на битолска ликовна колонија во Скопје”, „Музички вторник“, „Хераклејски вечери”, „Интерфест”, „Битолско културно лето”, „Прилепско културно лето” и други.

Моментално работи како професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Во 2017 и 2018 година одржала сопствени семинари и предавања на теми од областа на пијанизмот и пијанистичката педагогија во склоп на “ЕПТА” пијано – фестивалот и во склоп на културната програма на О. Новаци.

Дел е од основачите на здружението на пијанисти и музички педагози ”Пијано” и го организира меѓународниот натпревар по пијано “Пијанофест” – Битола, а исто така, здружението активно организира различни случувања од областа на пијанизмот и класичната музика.

Во 2013 година со нејзината колешка, челистката Андријана Дукоска, го формираат дуото DUO NUOVO, виолончело и пијано, а во 2016 година, нив им се придружува и флејтистката Светлана Богданоска и го формираат триото TRIO DOLCE со кое активно концертираат.

 

Светлана Богданоска е родена во 1987 година во Охрид. Своето музичко образование го добива во О.М.У,, Методи Патче” ( класа: Н.Момировска), Средно Музичко Училиште-Битола ( класа: П.Талевски) и Факултетот за Музичка Уметност во Скопје ( класа: Б.Станковска).

Својата музичка наобразба ја надоградува посетувајќи работилници и семинари кај: Илија Зимбо ( со кого има долгогодишна соработка), Луис Меирелес, Јанош Балинт, Лаура Леваи Аксин, Пјер Ив Арто, Џазмин Чои, Гаспар Оџос, Дамјан Крајачиќ и др.

Добитник е на Државни и Меѓународни награди, меѓу кои: Втора награда (прва не беше доделена) „Млади Таленти”- Сан Бартоломео ал Маре, Италија; Прва награда – Државен Натпревар; Прва награда (клавирско трио) – Државен натпревар за камерна музика; Трета награда – „Мајски средби на младите дувачи” – Лазаревац, Србија; Прва Специјална награда – Државен натпревар; Трета награда – „Натпревар за дрвени дувачи“ – Пожаревац, Србија; Прва награда – „Музички натпревар за млади“ – Приштина и др.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи