Некогашното советско место за тестирање на оружје во Карипското море денеска е напуштено. Снимката од дрон покажа како изгледа напуштената фабрика Дагдизел во Дагестан каде некогаш работеле инженери кои развивале торпеда и друго оружје за морнарица.
Тоа е бетонско – метална конструкција од 5.200 квадрати, а се наоѓа на 2,7 километри од брегот. Во рамки на фабриката имало и хотел со библиотека и кошаркарски терен. Дагдизел, изграден во 1939 година и официјално затворен во 1966 година, е комплекс од 3 ката со контролна кула.
Меѓутоа, локацијата зјае празна повеќе од 50 години, а личи на импресивен метален остров кој сега ги привлекува авантуристите во потрага за добра фотографија.