Ураганот Доријан повторно зајакна достигнувајќи ја третата категорија и се движи кон источниот брег на САД, поточно кон Северна Каролина. Метеоролозите изјавија дека ударите на ветер достигнуваат брзина од 185 километри на час.
Надлежните спасувачки служби во САД наредиле евакуација на околу еден милион луѓе кои живеат на потегот од Флорида до Северна Каролина.
„Гувернерот на Хенри Мекмастер нареди задолжителна евакуација на повеќе од 900 000 жители“, пренесе Гардијан.
Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат силни удари на ветер и бура, кои ќе бидат опасни за целиот жив свет. Се напоменува и дека оваа состојба ќе потрае.
Ураганот „Доријан“ се очекува денеска или утре да ја погоди Северна Каролина. Претходно како ураган од петта категорија „Доријан“ ги „уништи“ Бахамите, каде загинаа најмалку 20 лица.