Театарска Работилница Прилеп и ЦК „Марко Цепенков“ на покана од здружението на граѓани „Вардар“ од Ниш ќе гостуваaт на Денови на македонската култура во Ниш на 12- ти и 13- ти септември.
Гостувањето е со музичко – поетска вечер и претставата монодрама „Delirium tremens“ од Благоја Ристески Платнар, во режија и изведба на Игор Трпчески и со учество на Димитар Ѓорѓиевски, Менде Костоски, Филип Јездиќ и Томе Темелкоски.
Поетската вечер ќе се одржи во библиотека Стеван Сремац, а претставата ќе биде изведена во Академијата за уметност во Ниш.