Десет илјади ученици од Нов Зеланд се одѕваа на повикот за протести поради климатските промени на околу 40 јавни места низ целата земја, со поддршка на родителите, бабите и дедовците, како и работниците, обединети во првиот „меѓугенерациски штрајк” на кој порачаа дека е време за промена.
Организаторите на Твитер напишаа дека околу 170.000 луѓе штрајкуваат низ целата земја, 3,5 проценти од вкупното население на Нов Зеланд.
Учениците до Собранието доставија петиција со 11.000 потписи во која се бара од владата да прогласи вонредна состојба во врска со климатските промени. Тие, исто така, бараат повеќе да се работи на развојот на економија базирана на обновлива енергија.
Координаторката на Националниот училиштен штрајк Сопки Хандфорд рече дека околу 90 компании им дале подршка на учениците.
Покрај штрајкот, учениците ги чистеа плажите и садеа дрва.