Огромна санта од 315 милијарди тони мраз се отцепи од Антарктикот

Facebook
Twitter
Email
Print

Санта тешка 315 милијарди тони се откина од ледениот гребен Ејмери на Антарктик. Наречена Д28, таа има површина од 1.636 квадратни километри и преставува најголемата санта која се откинала од Ејмери во последните половина век.

 

Ејмери е третиот најголем леден гребен на Антарктик и клучен дренажен канал на неговиот источен дел. Плочата е всушност продолжен дел на бројни глечери што се движат од копното кон морето.

 

Научниците со години беа свесни дека ова ќе се случи и овој дел од Ејмери го нарекоа Лабав Заб.

Се проценува дека сантата е 210 метри дебела и дека содржи 315 милијарди тони мраз. Поради својата големина ќе мора да се набљудува и следи зашто во иднина би можела да претставува опасност за бродови.

 

Претходно во 60-тите години на 20. век,  од Ејмери се одвои брег со површина од 9.000 квадратни километри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи