Апелациониот суд не ја прифати жалбата на осомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски да го напушти истражниот затвор во Шутка и тој останува во притвор.
Иако отпаднала можноста Боки 13 да влијае врз сведоците, судиите одлучија дека тој треба да остане во притвор поради опасност од бегство.
Одлуката на Апелација доаѓа откако Боки 13 вчера во образложението пред судиите рече дека неговата здравствена состојба е лоша, а условите во притвор не дозволувале да изврши соодветен медицински третман.
Бојан Јовановски е 82 дена во притвор во „Шутка“, заедно со поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Единствениот обвинет во предметот „Рекет“ на кому му беше дозволено да оди во домашен притвор е Зоран Милески – Кичеец.