Уредот за чистење на окeаните од пластика почна да работи во Tихиот Океан

Огромната пловечка направа која ја смислија холандски научници за да го исчистат „островот од смет“ на Пацификот, за прв пат успешно започна да ја чисти пластиката и останатиот смет од океанот.

 

„Островот“ со отпад во најголемиот океан на светот се проценува дека покрива површина која е дури три пати поголема од територијата на Франција, пренесува британски „Гардијан“.

 

Авторот на проектот “Ocean Cleanup”, Бојан Слат напиша на Твитер дека пловечкиот уред кој е подолг од 600 метри успешно ја спровел првата акција за чистење на отпадот од Пацификот.

 


 

Уредот може да собира отпад од различни големини, од фрлени рибарски мрежи, гуми од возила, па дури и ситни парчиња пластика. Потсетува на латинската буква „U“, а во процесот на чистење направата користи океанска струја која отпадот го насочува кон уредот. Се планира веќе следната година да се направи и поголема верзија од овој уред, се со цел да собира повеќе отпад, а отпадот кој се собира со бродови се пренесува до крајбрежјето. Работниците пластиката до бродовите ја пренесуваат рачно и со мрежи, а неопходно е да се смисли попродуктивен начин, се со цел да се постигне целта во рамките на проектот, а тоа е годишно да се собира 15 тони пластичен отпад.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи