Викендов се одржа државното првенство во downhill „Топташ 2019“

Kлубот за екстремни спортови „Sky Riders“ и велосипедскиот клуб „Илинден“ го организираа второто државно првенство и четвртата по ред downhill трка „Топташ 2019“. Над 40 учесници од нашата држава и странство се натпреваруваа во категориите хоби, мастерс, јуниори и мен елит.

 

Прилепчанецот Александар Стојкоски се избори за првото место во категоријата хоби, додека натпреварувачот од Полска, Крабос Марек беше победник во мастерс класата.

 

Во категориите јуниори и мен елит, првите места ги зазедоа Андреј Кузманоски од клубот „Илинден“ – Прилеп и Кристијан Угриновски од Скопје

 

После конечните бодувања од сите претходни рангирани трки на државно ниво, за државни прваци во категориите мастерс, јуниори и мен елит, беа прогласени натпреварувачите Игор Григоров од Скопје, Андреј Кузманоски од Прилеп и Кристијан Угриновски од Скопје.

 

За тројцата најдобро пласирани натпреварувачи на годинешната трка „Топташ 2019“, организаторите обезбедија и парични награди во висина од 18.000, 12.000 и 6.000 денари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи