Прилепчанецот Златко Крстески номиниран за Мајстор на карикатурата за 2019 година

Во рамките на Пловдив – Европска престолнина на културата за 2019, од 1 до 31 октомври се одржува 10-тото Меѓународно Виенале на современа карикатура „Мајстори на Карикатурата“, во Етнографскиот музеј. Селектирани се 87 автори од 30 земји, со 203 оригинални сатирични дела на тема „Прасето и културата“. Македонскиот автор Златко Крстески е номиниран за Мајстор на карикатурата за 2019 година.

 

Според  директорот на музејот, доц. професор Ангел Јанков, темата „Прасето и културата“ им отежнувала на авторите, затоа што мораат да ја прикажат чудната двојка како целина.

 

„Мајсторите на карикатура ни покажуваат дека сликата на свиња овозможува широко толкување во разновиден културен контекст. Изданието може да ја проследи приказната за борбата помеѓу питомото и дивината, меѓу  човекот и свињата, како и богатата симболика поврзана со овој животински вид“, пишува во предговорот професорот Јанков.

 

На отворањето  проф. Д-р Димитар Димитров вели дека биеналето е повод да се размислува за тоа каде оди културата на човечката цивилизација. Професорот исто така поставува тема за размислување: дали растечкиот број медиуми што емитуваат култура реципрочно ја зголемуваат културата на една личност. Или обратно – изложеноста на хомосапини со насилство, цинизам и вулгарност освојува сè поголем дел од човештвото, се прашува самиот професор Димитров.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien