Факултет во Индија се најде на мета на критики поради наредбата на главите на студентите да им се ставаат картонски кутии за да не може да препишуваат едни од други.
Станува збор за факултетот Багат Пре, а управата на факултетот почнала да се извинува на сите страни кога сфатила дека таа бизарна постапка масовно се проширила на социјалните мрежи.
На предниот дел кутиите имало семо мал отвор за студентите да можат да го видат само својот лист хартија. Деканот на факултетот, исто така, се извинил за „необичниот метод“ и објаснил дека за него слушнал од други факултети, па решил да експериментира, а тоа не го направиле без согласност од студентите.
„Учениците донесоа свои кутии на училиште, а многумина ги извадија по 15 до 30 минути“, рече директорот М.Б. Сатеш.
Во последните неколку години има голем број скандали со мамење во Индија. Во Индија образованието е шанса за многумина да обезбедат егзистенција и да се спасат од сиромаштијата. Сепак, ова исто така значи дека многу студенти се под голем притисок не само да положат испити туку да ги надминат очекувањата по секоја цена.
Критичарите посочија на ваквите притисоци како мотиватор за измама и извор на лошо ментално здравје кај студентите – на почетокот од годинава, 19 студенти во јужната индиска држава Телангана си го одзедоа животот по објавувањето на резултатите од испитот.